Инвестиција вредна 800 илјади евра ќе реализира општина Карпош за инфраструктурни зафати. Им се извини на граѓаните што морале да чекаат досега ама неопходно било прво да се изработи новиот урбанистички план па да се започне со работа. Се прави атмосферска, фекална канализација, изграден е топловод, со сите овие објекти што се наоѓаат во негова непосредна близина, тротоари, улично осветлување, како и нов коловоз. Градоначалникот на Карпош, видно изреволтиран од неквалитетните шахти кои „Телеком“ им ги поставил кога ја прекопувале улицата за да постават подземни инсталации прашува дали исти такви лошо изработени шахти поставува компанијата и кога работи во Берлин и Минхен.
Инвестиција вредна 800 илјади евра ќе реализира општина Карпош за инфраструктурни зафати, 0најави денеска градоначалникот Јакимовски.
Им се извини на граѓаните што морале да чекаат досега ама неопходно било прво да се изработи новиот урбанистички план па да се започне со работа.
„Се прави атмосферска, фекална канализација, изграден е топловод, со сите овие објекти што се наоѓаат во негова непосредна близина, тротоари, улично осветлување, како и нов коловоз“, изјави Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.
Градоначалникот на Карпош, видно изреволтиран од неквалитетните шахти кои „Телеком“ им ги поставил кога ја прекопувале улицата за да постават подземни инсталации прашува дали исти такви лошо изработени шахти поставува компанијата и кога работи во Берлин и Минхен.
„Крајно грубо изгледа, естетски лошо и во исто време и нефункционално, што значи дека таа шахта, на првото возило што ќе се поткачи, ќе пропадне, а во истовреме е крајно лошо направено, што навистина не навредува“, вели Јакимовски.
Целосно завршување на дел од инфраструктурните проекти на кои работи општина карпош како и преместување на дел од администрацијата ќе се случи за 10-тина дена.